• понеделник, 25 ноември 2024

Африканската унија повика на поправеден пристап за купување вакцини

Африканската унија повика на поправеден пристап за купување вакцини
Женева, 14 септември 2021 (МИА) - Африканската унија денеска ги обвини производителите на вакцини против Ковид -19 дека на африканските земји не им даваат еднаква шанса да ги купат и ги повика земјите производители, особено Индија, да ги укинат забраните за извоз на вакцини и нивните состојки. - Овие производители многу добро знаат дека никогаш не ни го дале вистинскиот пристап, рече Стриве Масијива, специјален пратеник на Африканската унија за Ковид-19, на брифингот на Светската здравствена организација во Женева.
Тој нагласи дека Африканската унија и нејзините партнери, со намера да вакцинираат 60 проценти од населението, очекувале да купат половина од потребните дози, додека другата половина се очекува да пристигне во Африка преку програмата Ковакс, поддржана од СЗО и ГАВИ, глобалниот сојуз за вакцини.
- Добавувачите во последните осум до девет месеци дадоа до знаење дека најголемиот предизвик со кој се соочуваат е забраната за извоз, рече Масијива. Тој ги повика Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд да работат на пандемиски фонд подготвен да им помогне на посиромашните нации да ја купат вакцината во иднина, наместо да се потпираат на заеднички програми како Ковакс, кој досега обезбеди само 260 милиони дози. - Споделувањето вакцини е добро, но не треба да се потпираме само на тоа, особено кога можеме да преговараме и да кажеме дека сакаме да купиме и ние, рече Масијива.
Шефот на ГАВИ, Сет Беркли рече дека неговата организација сметала на набавки од Индија, најголемиот светски центар за производство на вакцини, на почетокот на пандемијата, но дека тие не добиле дози од Индија од март, кога земјата воведе забрани за извоз.
Од 5,7 милијарди дози вакцини против коронавирус кои досега се дистрибуирани низ целиот свет, само 2 проценти се дистрибуирани во Африка. паг/
 

Остани поврзан