Атлетико започна преговори и со Канте
- Н'Голо Канте е уште една трансфер цел на амбициозниот Атлетико Мадрид ова лето. Триесет и три годишниот Французин моментално настапува за Ал-Итихад и има договор до 2026 година, но сака повторно да игра во Лигата на шампионите. Според „Релево“, претставници на „јорганџиите“ веќе разговарале со братот на Канте за да истражат дали поранешниот играч на Челси е подготвен да игра за Атлетико. Одговорот бил позитивен.
Мадрид, 13 август 2024 (МИА) - Н'Голо Канте е уште една трансфер цел на амбициозниот Атлетико Мадрид ова лето. Триесет и три годишниот Французин моментално настапува за Ал-Итихад и има договор до 2026 година, но сака повторно да игра во Лигата на шампионите. Според „Релево“, претставници на „јорганџиите“ веќе разговарале со братот на Канте за да истражат дали поранешниот играч на Челси е подготвен да игра за Атлетико. Одговорот бил позитивен.
Според изворот, можно е Атлетико да ги ангажира и Канте и Конор Галагер, чиј трансфер одеднаш стана неизвесен, иако Англичанецот веќе неколку дена е во Мадрид и чека лекарски прегледи.
Секако, Канте мора да се согласи на помала плата од онаа што ја добива во Саудиска Арабија. Понатаму, Ал-Итихад, кој разбирливо нема финансиски проблеми, мора да биде убеден да го пушти Французинот, кој за време на Европското првенство покажа дека се уште е во импресивна форма. дс
Фото: Архива