• понеделник, 23 декември 2024

Атиџе Муратова ќе добие работа во општината Лозово, нов покрив за нејзината куќа и ќе сними две песни

Атиџе Муратова ќе добие работа во општината Лозово, нов покрив за нејзината куќа и ќе сними две песни
Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) - Атиџе Муратова, главната хероина од македонскиот документарен филм „Медена земја“ ќе биде работно ангажирана во општината Лозово и нејзината куќа ќе добие нов покрив, потврди вечерва за МИА, градоначалникот на општината, Ацо Велковски. Посочи дека тоа и било соопштено на Муратова, која денеска ја посетила општината. - Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов покрив. По завршување на турнеите и земањето на оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово, рече Велковски. Додаде дека и ветил оти нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио. „Медена земја“ е во трка за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм на свеченото доделување на најпознатата филмска награда, што ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. рп/мд/

Остани поврзан