• вторник, 19 ноември 2024

Атанасов реизбран за лидер на Демократи за силна Бугарија

Атанасов реизбран за лидер на Демократи за силна Бугарија
Софија, 12 февруари 2022 (МИА) - Атанас Атанасов е реизбран за претседател на Демократите за силна Бугарија (ДСБ), која е дел од бугарската владејачка коалиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија за време на 17. Народно собрание на партијата, од вкупно 490 делегати, 288 го поддржале Атанасов, а 199 се изјасниле за неговата опонентка Цецка Бачкова. Таа го нападна Атанасов и побара промена на политиката на ДСБ. Атанасов изјави дека влегувањето во коалиција со бугарските социјалисти било неизбежно за да се собори ГЕРБ и да се формира влада на промени. Според него, нискиот резултат на ДСБ на парламентарните избори на 14 ноември се должи на префрлањето на голем дел од нивните гласачи во Продолжуваме со промената на премиерите Кирил Петков и Асен Василев. Тој предложи промена и ДСБ да го обнови имиџот и ги повика сите да почнат да ја подготвуваат партијата за локалните избори, што ќе се одржат  во октомври 2023 година. На првиот состанок на новото раководство на партијата ќе се формира национален изборен штаб кој ќе почне да работи со кандидатите за градоначалници. нк/ми/

Остани поврзан