• четврток, 19 декември 2024

Атанасов: МЗТ Скопје имаше зацртано да го освои Суперкупот

Атанасов: МЗТ Скопје имаше зацртано да го освои Суперкупот

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - МЗТ Скопје Аеродром синоќа го освои првиот трофеј во новата сезона. Во натпреварот од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ аеродромци беа подобри од екипата на Феникс со 76:54.

Освоениот трофеј донесе задоволство и во стручниот штаб на „сино-белите“, предводен од тренерот Васко Атанасов.

 

- Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех, истакна Атанасов по освојувањето на трофејот.

 

За МЗТ Скопје Аеродром ова беше шестиот освоен Суперкупот. зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан