• сабота, 23 ноември 2024

Атанасовски: Да заокружиме број 7 за просперитетна и успешна Македонска Каменица

Атанасовски: Да заокружиме број 7 за просперитетна и успешна Македонска Каменица
Македонска Каменица, 25 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Димче Атанасовски на прес-конференција им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја доби во првиот круг и побара во вториот круг од локалните избори да го послушаат мнозинството на граѓаните од другите градови каде, како што рече, победа забележа коалицијата „Создади нова иднина“.
-Искрено се надевам и ве замолувам сите заедно да излеземе на 31 октомври, да го заокружиме бројот 7, за просперитетна и успешна Македонска Каменица, рече Атанасовски.
Тој информираше дека е постигнат договор за мнозинство во Советот на локалната самоуправа што, според него, е уште една причина зошто граѓаните треба да му ја дадат довербата.
По првиот круг од локалните избори во Македонска Каменица одржани на 17 октомври, советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освоија по четири советници, двајца советници освои советничката листа од група избирачи Дарко Гоцевски, а едно советничко место и припадна на Советничката листа од група избирачи Слободан Велиновски. вс/мд/

Остани поврзан