• петок, 05 декември 2025

Атаман: Осман неизвесен за полуфиналето со Грција

Атаман: Осман неизвесен за полуфиналето со Грција

Рига, 12.септември 2025 (МИА) – Во пресрет на вечерашниот полуфинален дуел со Грција селекторот на Турција Ергин Атаман истакна дека еден од неговите играчи е неизвесен за настап. На четвртфиналето со Полска на повреда се пожали Чеди Осман.

Неговиот настап на вечерашниот дуел е под знак прашалник.

Тој сè уште е под терапија. Не тренираше од дуелот со Полска, а дали ќе игра ќе знаеме пред натпреварот. Дури и да биде подготвен за влезе во игра, ќе видиме што може да игра и колку ќе може да ни помогне, изјави селекторот на Турција.

Натпреварот од полуфиналето Турција – Грција почнува во 20 часот. Во првото полуфинале Германија ја победи Финска со 98:86 и со тоа избори пласман во финалето. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан