• петок, 22 ноември 2024

Атал: Укинувањето на блокадата во Франција не е во блиска иднина

Атал: Укинувањето на блокадата во Франција не е во блиска иднина
Париз, 18 ноември 2020 (МИА) - Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал денеска изјави дека нема да има олеснување на мерките на земјата во блиска иднина. Тој на прес-конференција, најави дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе и се обрати на нацијата следната недела во врска со ситуацијата со вирусот Ковид-19. Засега, француските медиуми објавуваат за тоа што Макрон би можел да и каже на нацијата и дали се во оптек некои нови мерки за спречување на коронавирусот. паг/  

Остани поврзан