• петок, 26 јули 2024

Атал се извини за видеото во врска со израелско-палестинскиот конфликт

Атал се извини за видеото во врска со израелско-палестинскиот конфликт

Ница, 16 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ница, Јусеф Атал се извини за неговите зборови за конфликтот меѓу Израел и Палестина. 

Пред два дена, 27-годишен Алжирец објави видео на социјалните мрежи во кое повикува на „црн ден за Евреите“. Играчот подоцна го избриша видеото.  

Градоначалникот на Ница го повика фудбалерот да се извини и му се закани со исклучување од клубот. 

- Сфаќам дека мојата публикација шокираше многу луѓе, што не беше моја намера. Се извинувам за ова. Би сакал јасно да го изразам моето недвосмислено гледиште: силно ги осудувам сите форми на насилство, каде и да се случуваат, и стојам покрај сите жртви. Никогаш нема да поддржам говор на омраза. Мирот е идеал во кој цврсто верувам, напиша Атал на социјалните мрежи. 

Поради воените дејства, сите спортски натпревари на израелските екипи се одложени на неодредено време. зс/ 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан