Асфалтирана главната улица низ село Богомила, која е дел од регионален пат
- Со средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, а во изведба на ЈП „Македонија пат“, вчера е асфалтирана главната улица во село Богомила во должина од 400 метри, информира
Велес, 1 октомври 2022 (МИА) - Со средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, а во изведба на ЈП „Македонија пат“, вчера е асфалтирана главната улица во село Богомила во должина од 400 метри, информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.
-Остануваме посветени во остварување на ветувањата дадени пред граѓаните, се грижиме за подобрување на животот во сите населени места низ Општина Чашка, порача Стојановски.
Инаку, оваа улица освен за жителите на Богомила и бројните посетители е многу значајна за селата реонот на Азот, бидејќи е дел од регионалниот пат што води до Прилеп. Улицата секојдневно е многу фреквентна со секаков вид на возила и пешаци, а посебно во деновите на викенд и празници, бидејќи преку неа води патот кон селото Нежилово и кон планинарскиот дом на Чеплес, како и кон планинските села Ореше и Папрадиште каде исто така има планинарски дом.ад/вј/