• понеделник, 01 јули 2024

АстраЗенека тестира вакцина против Ковид-19 во форма на спреј за нос

АстраЗенека тестира вакцина против Ковид-19 во форма на спреј за нос
Лондон, 25 март 2021 (МИА) - Британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд започнаа со регрутирање на учесници за тестови на вакцина против Ковид-19 во форма на спреј за нос. Во првата фаза од тестовите ќе учествуваат 30 физички здрави возрасни лица до 40 години. Половина ќе добијат една доза од препаратот, а другите две дози. Студијата ќе трае околу четири месеци. Доколку првата фаза биде успешна, тестовите ќе продолжат со повеќе волонтери. Вакцината АстраЗенека против Ковид-19 беше одобрена за употреба во Велика Британија на 30 декември минатата година, а на 29 јануари беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) за употреба во земјите-членки на Европска Унија. Вакцината на АстраЗенека се користи во повеќе од 70 земји низ целиот свет, а пред извесен период многу земји привремено ја прекинаа имунизацијата со вакцината за појава на тромбози кај вакцинираните лица. Но, голем број земји веќе ја обновија употребата на вакцината на АстраЗенека по привременото суспендирање. ми/

Остани поврзан