• сабота, 23 ноември 2024

Асен Василев: Гледаме неоправдано зголемување на цените за ден-два

Асен Василев: Гледаме неоправдано зголемување на цените за ден-два
Софија, 13 март 2022 (МИА) – Гледаме неоправдано поскапување за ден-два кај одредени трговци, координирано со медиумско покривање. После тоа сè се смирува, изјави за БНР вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. - Имаше слични сцени со маслото. Имаме информации дека вакви акции се подготвуваат за брашното и шеќерот. Тоа е медиумска хистерија која исчезнува за ден-два, рече тој. Контактирана е Комисијата за заштита на конкуренцијата за бензинот, подготвуваме контрола и на маслото. Доколку не се активира брзо, ќе размислиме дали е тоа вистинскиот состав на ова тело, посочи Василев. - Најважно за Владата е да обезбеди храна до 2023 година. Во моментов имаме двојно повеќе жито отколку што ни е потребно за да обезбедиме леб, брашно и сточна храна. Има голем притисок да се извезе сето ова жито. Ја правиме најдолгата можна процедура за верификација. Можевме директно да го забраниме извозот, како во Србија и во Унгарија, но тогаш штетата за производителите би била огромна, појасни вицепремиерот. Предвидени се од 50 и 100 милиони лева за справување со бегалската криза. Очекуваме овие средства да бидат рефундирани од ЕК. Дотогаш имаме тампони на кои можеме да сметаме. Во моментов Владата покрива сместување и исхрана, но не е планирано да се даваат пари на рака на оние кои пристигнуваат во нашата земја, рече Асен Василев. Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Остани поврзан