• понеделник, 23 декември 2024

Артета сака три засилувања, ова е тешко поради финансискиот ферплеј

Артета сака три засилувања, ова е тешко поради финансискиот ферплеј

Лондон, 3 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека неговиот тим треба да се засили на три позиции.

Според „Тајмс“, Артета би сакал да добие нов бек, дефанзивен играч за врска и напаѓач. Задоволувањето на барањата на Артета е тешко поради финансиските ограничувања и природата на пазарот во средината на сезоната.

Арсенал бараше напаѓач од највисоко ниво. Но, поради недостаток на достапни опции и во поглед на финансиските можности на клубот, потписот на напаѓачот најверојатно ќе се случи дури на лето. Ситуацијата може да се промени доколку клубот добие добра понуда за Еди Нкетија во јануари.

На Арсенал му се допаѓа Иван Тауни, но ќе биде исклучително тешко да се постигне договор. Продажбата на напаѓачот се чини дека е голем ризик за Брентфорд, дури и ако отштетата е во согласност со нивната барана цена од 80 милиони фунти.

„Топчиите“ одамна се заинтересирани и за Виктор Осимен, но напаѓачот неодамна потпиша нов договор со Наполи. Договорот трае до летото 2026 година и вклучува клаузула за исплата од повеќе од 100 милиони фунти. Тешко е да се преговара со Наполи, а Арсенал би морал да се соочи со конкуренција од Челзи во трката за Осимен.

Друга опција која ја разгледуваат во Арсенал е најдобриот стрелец на Феенорд, Сантијаго Хименез. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан