• петок, 30 август 2024

Артета: За трофејот во Премиер лигата ни требаат 114 бода

Артета: За трофејот во Премиер лигата ни требаат 114 бода

Лондон, 27 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни што треба да направат играчите на тимот за да го победат Манчестер сити во новата сезона и да го освојат англискиот шампионат.

Во последните две сезони Арсенал заврши на второто место, губејќи го првото место од Сити.

- Треба да освоиме 114 бодови, ако го направиме ова, дефинитивно ќе ја освоиме лигата. Ова е нашата цел, да видиме што ќе се случи. Мораме да го заслужиме правото на победа, изјави Артета за „Goal“.

За да се дојде до такво бодовно салдо потребно е да се победат сите 38 натпревари.

Новата сезона 2024/25 во Премиер лигата започнува на 16 август со натпреварот Манчестер јунајтед - Фулам. Следниот ден, Арсенал ќе го пречека Вулвс. 

Последното коло ќе се одржи на 25 мај 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан