• петок, 22 ноември 2024

Артета за ремито со Њукасл: Арсенал требаше да изведе два пенала, горди сме на на начинот на кој игравме и доминиравме

Артета за ремито со Њукасл: Арсенал требаше да изведе два пенала, горди сме на на начинот на кој игравме и доминиравме

Лондон, 4 јануари 2023 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета е разочаран од нерешениот резултат на средбата синоќа со Њукасл.

Лондонскиот клуб одигра нерешено со Њукасл (0:0) во натпреварот од 19. коло на Премиер лигата.

- Многу сум горд на моите играчи. Начинот на кој игравме, доминиравме, се обидувавме и ја контролиравме играта. Ни требаше искра во последната третина од теренот. Имало многу такви ситуации. Судијата не ни досуди два пенала. Сè е едноставно. Го кажувам тоа што го видов. Два скандалозни пенали. Горд сум на работата што ја направивме. Мислам дека ни недостасуваше тој дополнителен допир или движење за да ги комплетираме нашите шанси на овој натпревар. Ако не можете да победите, не смеете да изгубите. И ние не примивме гол, прикажувајќи многу добар фудбал. Сакав да победам на овој натпревар, но завршивме нерешено. Моравме да направиме нешто подобро во последната третина. И моравме да изведеме два пенала за да победиме на овој натпревар, изјави Артета.

Натпреварит на „Емирати“ во Лондон пред 60 илјади гледачи го судеше Енди Медли.

Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 44 бодови пред Манчестер сити кој има 36 бода и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан