• вторник, 26 ноември 2024

Арта Биљали-Зендели на седница на Комисијата за еднаквост и недискриминација на ПССЕ во Париз

Арта Биљали-Зендели на седница на Комисијата за еднаквост и недискриминација на ПССЕ во Париз

Скопје, 7 декември 2023

Пратеничката Арта Биљали-Зендели учествува во работата на денешната седница на Комисија за еднаквост и недискриминација на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Париз.

Дневниот ред на Комисијата, покрај точките за жените во економијата, вработувањето, претприемништвото и родовото буџетирање, сексуалното насилство врз мажи и момчиња, миграцијата и азилот во изборните кампањи и последиците врз правата на мигрантите, опфати и размена на мислења со Назила Ганеа, специјална известувачка на Обединетите нации за слободата на религијата или верувањето.

Имено, пратеничката Биљали-Зендели е известителка на Комисијата за еднаквост и недискриминација за глобалните правила за елиминирање на сите форми на религиозно угнетување, кој се осврнува на верското угнетување како најчеста форма на кршење на човековите права во светот. Извештајот има за цел да ја анализира моменталната ситуација во земјите членки на Советот на Европа и земјите партнери, да се прегледаат релевантните постоечки национални и меѓународни инструменти и нивната ефикасност, со цел да се процени дали е постигнат напредок во борбата против сите форми на религиозно угнетување или пак соодветен одговор би бил нов инструмент, односно нова резолуција на Обединетите нации.

Поконкретно, преку студиски посети и размена на мислења со експерти од областа, Извештајот на Арта Биљали-Зендели треба да да испита дали постоечките меѓународни стандарди служат за да се обезбеди најголема можна слобода на вероисповед за сите и за да се гарантира заштита од религиозно угнетување, или пак меѓународната заедницата има потреба од нов сет на јасни неоспорни правила за забрана на сите политички употреби на религијата што ја поткопуваат човечката еднаквост, забрана за секаква верска дискриминација во однос на правата и должностите, сите религиозни исклучувања и сите ограничувања на слободата на вероисповед и верување.

Доколку биде усвоен документот, тогаш за првпат Парлементарното собрание на Советот на Европа ќе ги повика Обединетите нации на усвојување на нов инструмент за едно вакво прашање.

Собрание на РСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан