• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала (ДПЛ)

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала (ДПЛ)

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција посочи дека нема да поминат заканите за тужба за клевета насочени кон нејзе од страна на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа уште еднаш побара одговор каде, кога и од кого, е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и за кои случаи на настанување на штета.

-Додека траше гасењето на пожар министерката лично во изјава за медиуми истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во Бригата за противпожарна заштита јавена од случаен минувач е во 9.50 часот, по што Противпожарната бригата во тое време дојде на лице место и работеше на гаснење на пожарот. Таа самата побива своја изјава, дадена за сите медиуми во времето додека е опожарена салата, рече Арсовска.

Таа потенцираше дека како градоначалник и како Град Скопје нема да и поминат заканите за тужба.

-И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи, рече Арсовска.

Како што рече, по тој проект е увидено дека сеизмичката заштита и самиот документ за сеизмичка заштита не може да продолжи да се работи, затоа тоа позитивно мислење е укинато од страна на ИЗИС.

-Оној кој што ги прекршил законите не е Градот Скопје ниту кој било од Градот Скопје, туку оние кои во овој момент не одговараат на овие прашања, додаде Арсовска.

Таа на прес-конференцијата денеска го постави прашањето врз основа на кој проект се реконструирала Универзалната сала во моментот кога е опожарена.

-За проектот Универзална сала не се направила јавна набавка, односно проектот за Универзална сала е дониран на Градот Скопје во март 2021 година од страна на Мегарон Инженеринг на Бујар Муча со број 0307-30. Истиот е прифатен од страна на Советот на Град Скопје. Потоа, распишана е јавна набавка за реконструкција на Универзалната сала која што е склучена со Универзал Балкан, овој договор за јавна набавка е активен до 12 септември 2023 година. По истекот на договорот, прикачен е на системот на Бирото за јавни набавки со известување дека овој проект е реализиран, завршен и трајно се архивира. Тоа значи дека во овој проект ниту јас како градоначалник, ниту кој било друг по овој момент не можат да пристапат ниту што било да менуваат, рече Арсовска.

Таа додаде дека во Секторот за јавни набавки при Град Скопје е увидено дека е направен неовластен упад во профилот на Град Скопје и во системот на јавни набавки на ЕСЈН во евидентната книга на Градот Скопје и тоа од страна на неовластени лица, на завршена јавна набавка, на истечен договор за јавна набавка и на трајно затворени и архивирани документи во 2023 година.

-Некој си го злоупотребил системот и на самиот профил на Град Скопје си додавал документи во друга календарска година, односно во 2024 година и истите тие ги содржат податоците на Министерството за култура со бизнис партнерот Универзал Балкан, а спротивно на законот за јавни набавки, посочи Арсовска. бт/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан