Арсими – Шкупи и Тиквеш – Македонија ЃП го отвораат 8. коло во ПМФЛ
- Со два натпревари попладнево од 15 часот ќе стартува осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Скопје, 27 септември 2025 (МИА) – Со два натпревари попладнево од 15 часот ќе стартува осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Дебитантот во прволигашкото друштво Арсими во Гостивар е домаќин на Шкупи, додека Тиквеш во Кавадарци ја пречекува Македонија ЃП.
Дерби натпреварот се игра утре во Тетово каде Шкендија е домаќин на Силекс, а неделната програма го вклучува и дуелот меѓу Работнички – АП Брера.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделник кога Башкими е домаќин на Вардар, а Струга го пречекува Пелистер. ег
ФОТО: ФФМ