• вторник, 13 јануари 2026

Арсенал последен полуфиналист во Лига купот

Арсенал последен полуфиналист во Лига купот

 

Лондон, 24 декември 2025 (МИА) – Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“.

Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали.

Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а францускиот дефанзивец воедно постигна и автогол.

Арсенал ќе игра против Челзи во полуфиналето, додека вториот патник во финалето ќе биде победникот од пресметката меѓу Њукасл и Манчестер Сити. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан