Арсенал подготвен да плати 35 милиони евра за напаѓач на Ипсвич
- Лондонски Арсенал е подготвен да ја плати бараната отштета за напаѓачот на Ипсвич, Лиам Делап (22), објавија денеска британските медиуми.
Лондон, 8 мај 2025 (МИА) – Лондонски Арсенал е подготвен да ја плати бараната отштета за напаѓачот на Ипсвич, Лиам Делап (22), објавија денеска британските медиуми.
Ипсвич оваа сезона испадна од Премиер лигата и е принуден да го продаде својот најдобар играч, иако неговиот договор истекува до јуни 2029 година. Делап постигна 12 голови и имаше две асистенции оваа сезона, а неговата откупна клаузула изнесува 35 милиони евра.
Британските медиуми наведуваат дека претставници на Арсенал разговарале со менаџерот на Делап и ги договориле деталите околу неговата плата. ег
ФОТО: Фејсбук