• петок, 05 декември 2025

Арсенал останува фаворит во трката за Штилер од Штутгарт

Арсенал останува фаворит во трката за Штилер од Штутгарт

Лондон, 9 септември 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Штилер, би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал. 

Според „Express“, лондонскиот клуб е фаворит во трката за 24-годишниот Германец. 

Претходно, играчот одбил понуда од Манчестер јунајтед во последните часови од преодниот рок. Баерн и Реал Мадрид се исто така заинтересирани за фудбалерот.

Штилер одигра 47 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2024/25, постигнувајќи четири гола и 11 асистенции. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 38 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан