• четврток, 21 ноември 2024

Арсенал бара нов спортски директор: Еду заминува од „Емирати“

Арсенал бара нов спортски директор: Еду заминува од „Емирати“

Лондон, 4 ноември 2024 (МИА) - Спортскиот директор на Арсенал, Еду Гаспар одлучи да го напушти фудбалскиот клуб од Лондон, објави денеска „Скај спортс“.

Според медиумот, челниците на Арсенал биле изненадени од одлуката на Еду да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи немало индиции дека Бразилецот би можел да ја напушти функцијата спортски директор. Тој беше во Бразил поради приватни обврски, а во Лондон се врати на крајот на минатата недела.

Еду (46) играше за Арсенал од 2001 до 2005 година. Во јули 2019 година дојде во Арсенал како технички директор, а во ноември 2022 година стана првиот спортски директор во историјата на лондонскиот клуб, успешно работејќи со менаџерот Микел Артета.

Британските медиуми пишуваат дека за Еду интерес покажале клубови под контрола на грчкиот бизнисмен Евангелос Маринакис, меѓу кои и Нотингем Форест, Олимпијакос и Рио Аве. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан