• петок, 29 ноември 2024

Аргентинец со возило влета во Амбасадата на Кина во Буенос Аирес

Аргентинец со возило влета во Амбасадата на Кина во Буенос Аирес
Буенос Аирес, 23 јуни 2020 (МИА) - Аргентинската полиција соопшти дека синоќа привела 24-годишен маж откако тој со автомобил удри во влезот на Амбасадата на Кина во Буенос Аирес. Во инцидентот никој не е повреден, а возачот е приведен. Според очевидци, тој викал дека има експлозив, но полцијата не пронајде ништо. Додека неименуван извор од Кинеската амбасада изјави дека мажот барал прием, но откако бил одбиен влегол во возилото и удрил во вратата на дипломатското претставништво. ми/

Остани поврзан