Арбер Адеми ќе учествува на Конференцијата на КОСАК во Париз
- Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ (КОСАК), што во
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ (КОСАК), што во рамки на француското претседателство со Унијата ќе се одржи во Париз.
На Конференцијата ќе стане збор за реализацијата на француските приоритети во изминатиот период од 1 јануари 2022 година, кога Франција го презеде претседавањето од Словенија, за што воведно излагање ќе има францускиот премиер Жан Кастекс.
Според најавите, на собирот ќе стане збор и за Европскиот план за обнова, климатските промени и преносот на енергијата, како и за претстојната Конференција за иднината на Европа. оџ/сп/