Арапска лига: Принудниот трансфер на населението во Газа е злосторство
- Наредбата на Израел до Палестинците да го евакуираат северниот дел на блокираниот Појас Газа е „присилен трансфер“ што претставува „злосторство“, изјави денека шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.
Каиро, 13 октомври 2023 (МИА) - Наредбата на Израел до Палестинците да го евакуираат северниот дел на блокираниот Појас Газа е „присилен трансфер“ што претставува „злосторство“, изјави денека шефот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.
Генералниот секретар на пан-арапското тело, во писмо испратено до шефот на ОН, Антонио Гутереш, исто така го обвини Израел дека извршил „грозоморен чин на одмазда... казнување на беспомошните цивили во Газа“, наместо „планирана или анализирана воена операција „за искоренувањето на милитантите на Хамас поради нивните смртоносни напади на израелска територија“. паг/
Фото: МИА архива