• сабота, 16 ноември 2024

Арагши: Израелското убиство на генералот на Иранската револуционерна гарда нема да остане без одговор

Арагши: Израелското убиство на генералот на Иранската револуционерна гарда нема да остане без одговор

Техеран, 29 септември 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагши денеска изјави дека смртта на генералот на Револуционерната гарда, убиен во израелски напад во Либан, „нема да остане без одговор“, се вели во соопштението на неговото Министерство.

„Тоа страшно злосторство на агресорскиот ционистички режим нема да остане без одговор, а дипломатската служба исто така ќе ги искористи сите свои капацитети да ги гони криминалците и нивните поддржувачи“, рече тој.

Арагши алудираше на генералот Абас Нилфорушан, заменик-шефот на Иранската револуционерна гарда, исто така убиен во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут во петокот, кога беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Локалните медиуми го прикажуваат Нилфорушан (58) како водач на силите Кодс во Либан, елитна единица на Револуционерната гарда и човекот кој ги надгледувал воените операции на Иран на Блискиот Исток.

САД и ЕУ воведоа санкции против него во 2023 година поради „суровото задушување“ на протестите одржани во Иран една година претходно.

Иранскиот потпретседател задолжен за стратешки прашања, Мохамад Џавад Зариф, рече дека одговорот на Техеран ќе биде даден „во соодветно време што Иран ќе го одреди“, објави новинската агенција Ирна.

Иранците денеска излегоа на улиците во неколку градови за да го изразат својот гнев поради убиството на висок функционер на Револуционерната гарда и убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан