• понеделник, 23 декември 2024

АППТ: Огромна заинтересираност за македонскиот штанд на „Винска визија на Отворен Балкан“

АППТ: Огромна заинтересираност за македонскиот штанд на „Винска визија на Отворен Балкан“
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Огромна е заинтересираноста за понудата на македонскиот штанд на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, соопшти Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на својата официјална фејсбук страница. Според Агенцијата, Балканот е отворен за нова визија. - Отворен Балкан е вистински пример за успешна регионална соработка. Учествуваме на заеднички штанд со националните туристички агенции од Албанија и Србија. Програмата предвидува четиридневни активности. Промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација ќе биде проследена со туристички видеа, промотивни брошури, флаери, како и со промотивен материјал, наведува Агенцијата. Според АППТ, посетителите на штандот може да видат и како се изработуваат традиционален македонски филигран и охридски бисер. Дел од Програмата ќе биде и презентација на гастрономскиот и винскиот дел преку дегустација на храна и вино. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски денеска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски на македонскиот штанд се сретна со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ. мч/дма/

Тагови

Остани поврзан