• сабота, 23 ноември 2024

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице.

- Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки - забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на правното лице за износите за кои е определена мерката, наоѓајќи дека се исполнети сите законски услови, стои во соооштението од Апелација.

Лекарот Жан Митрев, како физичко лице и неговата болница, како правно лице, се товарат за продолжено кривично дело „измама“.

Предметот беше оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19.ар/са/

Остани поврзан