• понеделник, 23 декември 2024

Апатурај: НАТО останува во Црно Море

Апатурај: НАТО останува во Црно Море
Тбилиси, 1 јули 2021 (МИА) – НАТО ќе ги задржи претставниците во Црно Море без оглед на ставот на Русија, изјави во интервју за грузискиот Прв канал специјалниот претставик на генералниот секретар на Алијансата за Јужен Кавказ и Централна Азија, Џејмс Апатурај. Тој додаде дека за тоа НАТО има поддршка од сојузниците и партнерите. - Имаме блиска соработка, политички консилтации и размена на информации со Грузија и со Украина, истакна Апатурај Тој наведе и дека Велика Британија доставила информација до НАТО за инцидентот со разорувачот. - НАТО има цврст став за слободна пловидна и дека Крим е Украина, а не Русија. За време на овој инцидент. За време на овој инцидент сојузниците од НАТО покажаа цврстина во одбрана на принципите... Русија треба да сфати дека сојузниците од НАТО не се попвлекуваат кога станува збор за вакво прашање, посочи Апатурај. ми/

Остани поврзан