• петок, 05 декември 2025

Апасиев со тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Апасиев со тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Скопје, 26 јули 2025 (МИА) - Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши.

Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава. ев/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан