Апасиев на средба со Тајасев, заменик претседателот на КПРФ
- СООПШТЕНИЕ -
8 мај 2025
Во рамки на посетата во Москва, делегацијата на Левица заедно со бројните делегации од останатите земји, беше дел од свеченостите организирани од страна на КПРФ.
После говорот на Претседателот Апасиев во Паркот на победата, беше посетен главниот митинг кај споменикот на Карл Маркс (пред театарот Баљшој), по што делегациите се упатија и положија цвеќе кај споменикот на ,,Непознатиот војник" и Вечниот пламен, кај ѕидините на Кремљ.
Свеченостите беа завршени со работна средба на делегацијата на Левица и Потпретседателот на КПРФ - пратеникот Казбек Куцукович Тајсаев, во канцелариите на Руската Дума.
На пријателската средба, која помина во срдечна атмосфера, се разговараше за досегашната соработка меѓу двете партии, беа опфатени актуелните теми кои ја задираат европската и регионалната политика, како и за можностите двете партии да допринесат во развојот на соработката помеѓу младите на Македонија и на Русија.
На покана на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Претседателот Апасиев заедно со лидерите на идеолошки блиските партии утре ќе присуствува на Парадата на победата организирана по повод 80 години од Големата победа над фашизмот.
ПП Левица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.