• среда, 18 декември 2024

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Мадрид, 28 ноември 2024 (МИА) - Италијанскиот стручњак, Карло Анчелоти, стана тренер со најмногу натпревари во историјата на Лигата на шампионите, односно поранешниот Куп на шампионите, објави неговиот клуб Реал Мадрид.

Италијанецот во средата вечерта беше на клупата на Реал при поразот од Ливерпул со 2-0, што беше негов 215-ти натпревар во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Со тоа го престигна Алекс Фергусон, поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој го водеше тимот 214 пати во Лигата на шампионите.

Додека ги тренираше Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи и Реал Мадрид, Анчелоти победи на 123 натпревари. Два пати ја освои Лигата на шампионите со Милан, а три со Реал Мадрид, од кои последниот пат беше во јуни годинава. дс

Фото: Архива

Остани поврзан