• петок, 22 ноември 2024

Анчелоти го критикува новиот формат на ЛШ

Анчелоти го критикува новиот формат на ЛШ


Мадрид, 17 септември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го критикуваше големиот број на натпревари закажани со новиот формат на Лигата на шампиони, чии први натпревари се играат вечерва.
Анчелоти, чиј тим игра против Штутгарт вечерва од 21 часот, им изјави на новинарите дека е поборник за помалку натпревари со цел да се намали бројот на повреди на играчите и да се подобри квалитетот на играта, пренесуваат денеска француските медиуми кои ги следат настаните во Реал Мадрид откако францускиот играч Килијан Мбапе се пресели во шпанскиот клуб.
„Ако одговорните не почнат да мислат дека играчите се повредуваат затоа што играат премногу, тогаш имаме проблем. Барам да се намали бројот на натпревари за да имаме подобри натпреварувања“, изјави Анчелоти.
На зголемениот број натпревари се пожалија и други фудбалски клубови, а синдикатот на играчи побара решение за намалување на притисокот врз фудбалерите. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан