• понеделник, 23 декември 2024

Антоновски: Со прес-центарот на МИА во Софија ќе придонесеме во размена на информации, проверени и точни

Антоновски: Со прес-центарот на МИА во Софија ќе придонесеме во размена на информации, проверени и точни
Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Генералниот директор на Медиумската информативна агенција Драган Антоновски изјави денеска за „Утрински брифинг“, дека со отворањето на прес-центарот на МИА во Софија ќе се придонесе за размена на информации, проверени и точни. - МИА е во Софија повеќе од една година, имаме дописник и тоа нам ни е суштински најбитно размена на информации, проверени и точни. Прес-центарот дава една друга можност да работиме во медиумскиот дел, иако гледам дека другите колеги од Бугарија сега печатат книги за браќата Миладиновци, па зборници, па историја на Македонија, но ние не се плеткаме во тој дел, ние сакаме да се задржиме на професионалниот, еснафскиот дел, изјави Антоновски.
Во новинарскиот дел, додаде Антоновски, би сакал да позборуваме за дезинформациите, за лажните вести, за говорот на омраза.
- Ние сме таму дел од Културно информативниот центар, што функционира со години во Софија. Мислам дека ќе придонесеме во информативниот дел, затоа што културниот дел совршено работи и мислам дека добро ќе се надополнуваме, вели Антоновски. нд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан