• петок, 05 јули 2024

Антони официјално нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Антони официјално нов фудбалер на Манчестер јунајтед
Манчестер, 30 август 2022 (МИА) – Младиот бразилски крилен напаѓач Антони (22) и официјално е нов член на англискиот гигант Манчестер јунајтед, објави денеска премиерлигашот од „Олд Трафорд“. Антони доаѓа во Јунјатед од Ајакс, а како што пренесуваат британските медиуми, целиот трансфер е вреден 100 милиони евра. Бразилецот го носеше дресот на Ајакс од 2020 година кога дојде од редовите на Сао Паоло за 15 милиони евра. Антони е петто засилување ова лето за Манчестер јунајтед, кој за новите играчи потроши вкупно 240 милиони евра. ег/ми/

Остани поврзан