• сабота, 23 ноември 2024

Антитерористичкото обвинителство побара судење на девет лица за атентатот во Ница

Антитерористичкото обвинителство побара судење на девет лица за атентатот во Ница
Париз, 23 јуни 2020 (МИА) – Француското Национално обвинителство за борба против тероризмот  побара да им се суди на девет лица пред кривичен суд,  во рамките на судската истрага отворена по терористичкиот напад во Ница во 2016 година, јави дописникот на МИА. Четворица од нив се обвинети за злосторничко терористичко здружување (Мохамед Г., Чокри В., Хамди З. и Рамзи А.). На 14 јули 2016 година во Ница 31-годишен Тунижанец, Мохамед Лахуеј-Бухел со камион влета во насобраниот народ, при што уби 86 лица, меѓу кои  деца, цели семејства и странски туристи, пред да биде застрелан од полицијата. Судењето ќе се фокусира дали роднините знаеле за неговиот терористички план и дали му помогнале во неговото извршување. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан