• петок, 21 јуни 2024

АНСА: Бајден нема да присуствува на вечерата за лидерите на Г7 организирана од Матарела

АНСА: Бајден нема да присуствува на вечерата за лидерите на Г7 организирана од Матарела

Борго Ењација, 13 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја прескокне вечерата што италијанскиот претседател Серџо Матарела ја организира во замокот Кастело Свево во Бриндизи за шефовите на држави и влади кои учествуваат на самитот на Г7 во блиското одморалиште Борго Енцисија, изјавија безбедносни извори за Анса.

Изворите додаваат дека американскиот претседател бил уморен по неговите обврски во изминатите неколку дена, вклучително и неодамнешниот престој во Нормандија за одбележување на 80-годишнината од Денот Д.

Самитот на Г7 беше отворен денеска со договор на лидерите за заем за Украина од 50 милијарди долари од замрзнати руски средства.

Папата Франциско утре ќе присуствува на состанок за вештачка интелигенција, а ќе се сретне и со претседателите на САД, Франција, Турција и Украина. Ова ќе биде првпат римокатолички лидер да присуствува на работен состанок на Г7. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан