• понеделник, 23 декември 2024

Анонимус Грција тврдат дека хакирале турски сајтови

Анонимус Грција тврдат дека хакирале турски сајтови
Атина, 18 јануари 2020 (МИА) - Како одговор на нападите на грчки владини сајтови од турска хакерска група, Анонимус Грција, попладнево излегоа со тврдење дека хакирале турски сајтови, меѓу кои и мејл сервиси на турската полиција, на турската разузнавачка служба, на бројот 112 за итни случаи, како и на весници, јави дописничката на МИА од Атина. -Како што Турците удрија вчера, така ние ден подоцна одговараме. Информираме дека нападите сега почнуваат, напишаа Анонимус Грција. Претходно, турските хакери „Anka Neferler“ ја презедоа одговорноста за проблемите што синоќа се појавија на неколку грчки владини сајтови, тврдејќи дека извршиле хакерски напад. ср/

Остани поврзан