• понеделник, 23 декември 2024

Мизрахи: Верувам дека ова ќе биде првата Анкетната комисија што ја заврши задачата утврдена во одлуката

Мизрахи: Верувам дека ова ќе биде првата Анкетната комисија што ја заврши задачата утврдена во одлуката

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Анкетната комисија за случајот со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија денеска го усвои Деловникот за работа. Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи најави дека уште денес ќе бидат контактирани поранешни миистри за здравство кои ќе бидат повикани на разговор и поканети да присуствуваат на наредните седници на комисијата.  

Мизрахи во изјава за медиумите по завршување на седницата рече дека нема да дозволи во ниту еден момент Анкетната комисија да се претвори во парасудски органи. Потенцира дека тие се пратеници и политичари кои, како што рече, ќе бараат политичка одговорност. Посочи дека бараат политичка одговорност и дека таа е објективна.

-Од истата одговорност, односно наодите на Анкетната комисија можат да произлезат заклучоци кои што се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите јавните функции согласно членот 76 од Уставот. Се надевам и верувам дека оваа ќе биде првата Анкетната комисија која што ја заврши задачата утврдена во одлуката. Ќе утврди наоди и ќе предложи решенија, и тоа ќе го направиме во очите на јавноста и заедно со седмата сила – медиумите. Очекувам да имаме заклучоци за вистината дали има или нема одговорност, во колкава мера и чија одговорност. Очекувам со овие заклучоци да се поведат системски решенија коишто ќе превенираат вакви скандали и трагедии во иднина, рече Мизрахи.

Мизрахи потенцира дека доколку е потребно, Анкетната комисија ќе работи секој ден, вклучувајќи и за викенди. фф/бд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан