• недела, 22 декември 2024

Анкета: Харис води пред Трамп тесно со само три отсто разлика

Анкета: Харис води пред Трамп тесно со само три отсто разлика

 
Вашингтон, 8 октомври 2024 (МИА) Кандидатот за претседател од демократите, актуелната потпретседателка Камала Харис, води пред републиканецот Доналд Трамп со маргинални три процентни поени, се дознава од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.
Според анкетата за Харис гласот би го дале 46 отсто од гласачите, додека за Трамп, 43% отсто. Резултатот укажува дека двајцата остануваат во тесна трка и дека е неизвесно кој ќе биде победник на претседателските избори во САД на 5 ноември.
Четиридневната анкета заклучно понеделник, покажа дека Трамп, кој заостана шест процентни поени зад Харис во анкетата на Ројтерс/Ипсос од 20 до 23 септември, е префериран кандидат за низа економски прашања и дека некои гласачи би можеле да бидат поколебани од неговите тврдења дека илегалните имигрантите во земјата се склони кон криминал. Овие тврдења се во голема мера дискредитирани од аналитичари, академици и тинк-тенкови.
Анкетата имаше маргина на грешка од околу 3 процентни поени.
Испитаниците ја оценија економијата како главното прашање со кое се соочува земјата, а околу 44 отсто рекоа дека Трамп има подобар пристап за решавање на „трошоците за живот“, во споредба со 38 отсто кои ја избраа Харис.
Од низа економски прашања што треба да ги реши следниот претседател, околу 70 отсто од испитаниците рекле дека трошоците за живот ќе бидат најважни. Трамп имаше поголема поддршка од Харис во оваа област, иако гласачи со маргина од 42% до 35% сметаа дека Харис е подобар кандидат за решавање на јазот меѓу богатите и просечните Американци.
Трамп на митинзите засилено говори за широката загриженост од имиграцијата, претежно од Јужна Америка, која моментално е на највисоко ниво во САД споредено со историските податоци.
Околу 53 отсто од гласачите во анкетата рекоа дека се согласуваат со изјавата дека „имигрантите кои се илегално во земјата се опасност за јавната безбедност“, наспроти 41 отсто кои не се согласуваат.
Гласачите беа потесна поделени по ова прашање во анкетата на Ројтерс во мај, кога 45 отсто се согласиија, а 46 отсто не. На предизборните собири цела година, Трамп го привлекува вниманието за наводните злосторства извршени од илегалните имигранти во земјата.
Иако има малку податоци за имиграцискиот статус на криминалците, студиите генерално покажуваат дека е малку поверојатно имигрантите, за разлика од Американците родени во Америка, да сторат криминал. кб/

Остани поврзан