• понеделник, 23 декември 2024

Анкета: Фајзер и Спутник-В најпреферирани вакцини, 57,7 проценти од граѓаните пројавиле интерес за имунизација

Анкета: Фајзер и Спутник-В најпреферирани вакцини, 57,7 проценти од граѓаните пројавиле интерес за имунизација
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Фајзер и Спутник-В се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат. На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале. Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Северна Македонија слично се справува како другите држави. Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава. Според ИПИС, во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје било земено како посебна целина заради своите посебности. Од ИПИС напоменуваат дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, а поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал. бк/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан