• недела, 06 октомври 2024

Анкета: Повеќето Австријци се против враќањето на Курц на функцијата канцелар

Анкета: Повеќето Австријци се против враќањето на Курц на функцијата канцелар
Виена, 25 октомври 2021 (МИА) - Големо мнозинство Австријци се против враќањето на Себастијан Курц на функцијата канцелар, покажа анкетата на јавното мислење на Институтот „Јуник Рисрч“ (Unique Research).
Според анкетата, 73 проценти од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не треба повторно да стане канцелар.
Само 22 отсто од испитаниците би сакале да го видат „камбекот“ на Курц во блиска иднина.Приврзаниците на ОВП, 69 отсто од нив, го поддржуваат Курц и сакаат тој да се врати на чело на Владата. Курц мораше да поднесе оставка поради покренување истрага против него за проневера и поткуп.
Анкетите на јавното мислење покажуваат и дека мнозинството Австријци веруваат дека сигурно има нешто зад обвинувањата.
Само 23 отсто се со став дека обвинувањата се невистинити. паг/
   
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан