• петок, 08 ноември 2024

Анкета: Над 50 проценти од Канаѓаните сметаат дека монархијата е застарена идеја

Анкета: Над 50 проценти од Канаѓаните сметаат дека монархијата е застарена идеја
Отава, 16 март 2021 (МИА) - Резултатите од најновата анкета покажуваат дека повеќе од половина од Канаѓаните веруваат дека британската монархија е застарена и оти Канада мора да ја напушти, објави „Канадиан прес“. Анкетата е спроведена по интервјуто на Опра Винфри со војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Тие во интервјуто се пожалија на расизам, постојано мешање во приватниот живот, не пружање на помош, принуда, ширење лаги, лицемерие и студени семејни односи. Според анкетата 53 проценти од испитаниците изјавиле дека во 21 век нема место за британската монархија во Канада, додека 33 отсто истакнале дека сакаат да се зачува тој дел од нивното наследство. Додека 59 отсто од испитаниците изјавиле дека сочувствуваат со Хари и Меган, а 26 проценти дека се согласуваат со кралското семејство. Резултатите покажуваат дека 52 отсто истакнале дека Меган во интервјуто открила големи проблеми во кралското семејство, додека 43 проценти оцениле дека последните настани покажуваат дека кралското семејство има расистички ставови. Во Квебек дури 71 отсто од испитаниците искажале негативен став кон британската монархијата, истакнувајќи оти станува збор за застарена институција. Анкетата е спроведена од 12 до 14 март, при што се испитани 1.512 Канаѓани. ми/

Остани поврзан