• недела, 22 декември 2024

Анкета: Кенеди на национално ниво доби 17 отсто од американските гласови, се уште е во трка за учество во ТВ дебатите

Анкета: Кенеди на национално ниво доби 17 отсто од американските гласови, се уште е во трка за учество во ТВ дебатите

Вашингтон, 23 мај 2024 (МИА) - Роберт Кенеди-помладиот, внук на познатиот американски претседател Џон Ф. Кенеди, во анкета на национално ниво доби 17 отсто, но се уште се трка за учество во ТВ дебатите, кои се последната фаза од предизборната трка за избор на претседател на САД.

Во анкета на регистрирани гласачи на национално ниво изведена од Маркет во хипотетечки дуел претседателот Џо Бајден и поранешиот претседател Доналд Трамп се изедначени и добиваат по 50 отсто. Додека во натпревар од пет тркачи – Роберт Кенеди помладиот, Џил Стејн, Корнел Вест, Трамп и Бајден – за Трамп би гласале 40 отсто, за Бајден 37 отсто додека за Кенеди 17 отсто. За Стејн и Вест би гласале по три отсто за секој.

Според условите за настап на национална ТВ дебата на Си-ен-ен, кандидатите кои се квалификуваат да стапат на сцена треба да имаат повеќе од 15 отсто подршка во четири квалификувани анкети изведени не порано од 13 март.

Со последната анкета на Маркет, Кенеди има постигнато 15 отсто и повеќе во три такви анкети. Но постои и уште еден услов, кандидатите треба да добијат најмалку 270 гласови во електоралниот колеџ, што е минимален број на гласови потребен да се осигура претседателството.

Иако Кенеди има добиено такви гласови во неколку држави, тој сеуште нема стигнато до 270, и не се знае дали ќе стигне до таа бројка за потоа гласовите да бидат одобрени од државите навреме за да се појави на дебатата во јуни. кб/ссм/

Остани поврзан