• понеделник, 23 декември 2024

Анкета во Грција: Нова демократија со намален рејтинг, пад на СИРИЗА на третата позиција

Анкета во Грција: Нова демократија со намален рејтинг, пад на СИРИЗА на третата позиција

Атина, 3 септември 2024 (МИА) – Грчката владејачка партија Нова демократија со предност од 11,1 отсто пред ПАСОК и понатаму е главна политичка сила во земјата, но со намален рејтинг споредбено со резултатите од европските избори во јуни, додека пак СИРИЗА бележи пад на третата позиција, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ спроведено за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија добива 21,6 отсто, наспроти 28,3 проценти на европските избори пред три месеци, ПАСОК со 10,5 отсто е на втората позиција, а зад неа, со два проценти помалку е СИРИЗА.

На прашањето каква е ситуацијата во земјата, над шест од десет анкетирани (63,3 отсто) дале негативен одговор односно рекле дека е „доста/многу лоша“, додека оптимисти се само десет проценти од испитаниците.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ за грчката телевизија „Опен“, било спроведено во периодот од 26 до 30 август 2024 година со анкетирани 1.611 граѓани со право на глас и е прва анкета во Грција по летните одмори. ср/ми/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан