• петок, 22 ноември 2024

Анкета: Бени Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат денеска

Анкета: Бени Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат денеска

Тел Авив, 14 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата.

Според таа анкета, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел. 

Рчиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер, а претседателoт на десничарската партија Израел е нашиот дом, Авигдор Либерман, според анкетата има само два отсто повеќе гласови отколку Нетанјаху. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан