• понеделник, 23 декември 2024

Анимираниот филм „Детето фантом“ во Кинотека

Анимираниот филм „Детето фантом“ во Кинотека
Скопје, 28 мај 2022 (МИА) – Во рамки на седмата серија од „Џифони филмски денови“ денеска во просториите на Кинотека учениците ќе имаат можност да го гледаат анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“. Продукцијата на филмот е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол, и истиот ќе биде синхронизиран на македонски јазик. -Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф, се наведува во соопштението на Џифони Македонија. Како што е најавено, по дискусијата на филмот ќе се одржи „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа. „Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан