• недела, 22 декември 2024

Андрулакис: Мицотакис се плаши од темата „Предатор“  бидејќи ќе му го наруши меѓународниот имиџ

Андрулакис: Мицотакис се плаши од темата „Предатор“  бидејќи ќе му го наруши меѓународниот имиџ
Атина, 15 септември 2022 (МИА) – Критики и обвинувања до грчката Влада за случајот со прислушувањето на неговиот мобилен телефон од Националната служба за разузнавање упати лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис за време на прес - конференцијата во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис уште еднаш повтори дека Владата одбива институционално да го информира за причините за неговото следење што беше во пресрет на изборите за лидер на партијата и во периодот додека се уште беше само европратеник, уште еднаш побара јасни одговори од грчкиот премиер, велејќи дека не е лично прашање, туку прашање што се однесува на демократијата. Одговарајќи на новинарско прашање за обидот неговиот мобилен телефон да биде хакиран со софтверот за следење „Предатор“, потенцираше дека ако постојат докази за поврзаност на Владата, тоа би било „политички крај за Мицотакис на европско ниво“. - Господинот Мицотакис многу се плаши од темата „Предатор“ и се плаши бидејќи е прашање што многу ќе го наруши неговиот меѓународен имиџ. Никој во Брисел не може да прифати дека се користи „нуклеарно оружје“ вредно милиони против политички лидер, политички противник на премиерот. Доколку има доказ за поврзаност со премиерската палата, тоа ќе значи и политички крај на господинот Мицотакис на европско ниво, истакна Андрулакис. Објасни дека линкот што тој го добил во смс пораката бил ист со оној кај новинарот Танасис  Кукакис, кој исто така пријави следење со „Предатор“ и Андрулакис посочи дека ова е знак дека не може обидот да е од трети страни, туку „центарот е тука“. ср/паг/

Остани поврзан