• петок, 22 ноември 2024

Андоновски: Се бараат етнички Албанци да се вработат во Македонски шуми во Берово

Андоновски: Се бараат етнички Албанци да се вработат во Македонски шуми во Берово

17.03.2024

 

Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски денеска гостуваше во дебатниот магазин Детектор на телевизија Сител.

"Се бараат етнички Албанци да се вработат во Македонски шуми во Берово", вели за Детектор техничкиот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски. Според него, системот се партизира со години и во моментов, во институциите работат луѓе кои немаа соодветно образование за функциите кои ги вршат.

"30 нови вработувања има во последните два месеца во МИОА. Од тие 30 вработувања нема ниту еден информатичар. Во моментов одговорни за сајбер безбедност во МИОА се правник и професор по англиски јазик. Ниту еден информатичар. Во АЕК од 2013 е вработен последниот инженер. Агенција за електронски комуникации. Бројот на вработени во АЕК е зголемен за 15% овие 11 години. Ниту еден инженер не е вработен во тој период. Да не споменувам, дека во Македонски шуми се вработени 300 луѓе, а колабирано е претпријатието, од кои што Албанци се бара да се вработат во Ново Село и во Берово, за која непартизација зборуваме. Да не кажам, дека во Пошта се вработени нови административци, а им фалат поштари" – вели Андоновски.

Стефан Андоновски

Дополнителен заменик на Министерот за информатичко општество и администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан