• недела, 22 декември 2024

Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор

Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) – Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави укинување на балансерот во фази, каде во прва фаза лицата попишани во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во земјава. На ваквите најави реагираа од ДУИ и од партијата на Зијадин Села, оценувајќи ги како  директен напад на принципот на правична застапост, што е еден од главните столбови на Охридскиот договор.

Андоновски, вчера на прес-конференција појасни дека во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот - соодветна и правична застапеност на етничките заедници. 

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигиталната трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави ден

 

- Денеска е првата владина седница на којашто ќе бидат разговарани некои основни прашања за функционирањето на Владата. Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот - соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак, изјави Андоновски по денешната средба со новинарите.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

- Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Демократската унија за интеграција, во соопштение до медиумите, изрази длабока загриженост за одлуката на власта со, како што вели, моноетнички легитимитет да ја смени формулата за „балансер“ што ја одредува правичната застапеност на сите етнички заедници пред целосно да ја поништи.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

-Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 отсто, врз основа на пописните податоци од пред 20 години. Оваа акција претставува директен напад на принципот на правична застапеност, еден од главните столбови на Охридскиот договор, се вели во реакцијата од ДУИ.

Од ДУИ, исто така, нагласуваат дека се решени да го бранат принципот на правична и еднаква застапеност на сите етнички заедници и дека нема да дозволат каков било обид за поткопување на важните достигнувања на Охридскиот договор.

-Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнерите на Стоилковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците. Тоа е јасна последица на тоа што тие не се избрани претставници на албанската заедница, туку претпочитан партнер на ВМРО ДПМНЕ, ставајќи ги позициите во преден план, иако добија само трошки од институциите одземени од нивните надлежности, стои во реакцијата од ДУИ

Остра реакција на најавите за укинување на балансерот упати и партијата на Зијадин Села, нагласувајќи, како што вели, дека овие и штетат на меѓуетничката кохезија и на правата на етничките заедници.

2022 година беше година на предизвици како за нас, така и за сите граѓани во земјата и во целиот свет. Сите заедно поминавме низ многу тешки моменти, од некои излеговме посилни, а од други на
-Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто. За да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој е еден од главните столбови на Охридскиот договор, се вели во реакцијата од Алијансата за Албанците.

Од партијата на Села, исто така, нагласуваат дека пред „овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста“.

-Пред очите на партиите кои себеси се нарекуваат Албанци, по две децении од потпишувањето на Охридскиот договор започнува најтешката дискриминација и мајоризација. Ја повикуваме нелегитимната власт итно да ги прекине овие игри кои и штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината. Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти, стои во реакцијата од Алијанса за Албанците. аа/вг/

Фото: МИА архива

 

 
.

 

Остани поврзан